Пилот проект, граѓански обид, на принцип на collaborative mapping за мапирање на "објекти" во град Скопје кои едноставно не би требало да постојат. Трафики, напуштени склонопадни куќи, стари бараки, руинирани напуштени објекти.
Со надеж дека еден ден ќе ги снема од лицето на Скопје овие непотребни чиреви...
- Изгледаат грдо, ја нарушуваат естетиката на градот.
- Завземаат простор кој му припаѓа на зеленилото на градот
- Лежат на трасите на идните булевари, улици, градски коридори...
- Имаат негативен економски ефект, се користат вечно додека физички не дојде крајот на нивниот животен век, притоа нарушувајќи го пазарот на деловен простор со тоа што креираат нелојална конкуренција со одвлекување на дел од demand-ot за бизниси за кои и не е проблем да се во објекти со повисок стандард, типичен пример адвокатска уличка.
- Разно, додадете, коментирајте...
Со едноставно кликање врз мапата и ставање краток опис се запишува вашата информација на заедничката мапа.